Како да вратам производ?


По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ освен во случаи кога корисникот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите.

Секој купувач е должен при превземање на производот, да го провери од евентуални оштетувања при транспорт, а доколку се работи за повеќе производи, да провери дали некој производ недостасува.

Доколку производот е испорачан оштетен, или одреден производ недостасува од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот.

Во случај купувачот да сака да го врати производот, не по наша вина или вина на доставувачот, и сака да му се врати уплатената сума на производот, тогаш од крајниот износ ќе биде одбиен целосниот трошок за испорака, во двете насоки по ценовникот на овластениот доставувач.

Доколку купувачот сака да го замени или врати производот, должен е да го чува неоштетен и неупотребуван заедно со сите приложени документи, на негов трошок да го врати до главниот магацин на Wolf.mk.