Начин на испорака
Испораката на производите се извршува на адресата која купувачот ја определил во нарачката и на начин кој го одбрал при самото правење на нарачката. При предавање на производите купувачот или трето лице ја потпишуваат испратницата и другите пропратни документи. Под трето лице се подразбира лице кое не е наведено во порачката но го прима производот на наведената адреса при извршување на порачката.
При примањето на производот примачот е должен да го провери производот за евентуални оштетувања при транспорт и да провери евентуален недостиг. Доколку се констатира некој од предходно наведените недостатоци примачот е должен веднаш да пријави рекламација. Пред испорака на производот купувачот ќе биде контактиран за денот на испорака. Испорака на производите се прави на целата територија на Македонија.
Времето на испорака во Штип изнесува 24 часа (1 работен ден) од моментот на правењето на нарачката. Низ другите градови во Македонија времето на испорака изнесува 120 часа (5 работни дена) од моментот на правењето на нарачката. Доколку нарачката е направена после 15 часот тогаш периодот за испорака започнува да тече од следниот работен ден. Доколку нарачката е направена во неработен ден рокот започнува да тече од првиот работен ден. Во рокот на испорака не се пресметуваат неработните денови.
Wolf.mk го задржува правото да го продолжи периодот на испорака без да го извести купувачот најмногу 7 дена од моментот на правењето на нарачката и над 7 дена само со договор со купувачот.
Доколку има доцнење на испораката Wolf.mk не сноси никаква одговорност доколку доцнењето е предизвикано од страна на компанијата која е ангажирана за извршување на испораката.
Во случај, кога купувачот не е дома и не е достапен за доставување на порачката во договорениот термин и на наведената адреса, или нема обезбеден пристап и услови за предавање на производот во тој рок, Wolf.mk се ослободува од обврската да ги испорача производите наведени во порачката.